За луѓето од ова племе се верува дека се потомци на Александар Македонски и заборавени „македонски роднини“: Она што го прават со покојниците е бизарно

Точка

19/09/2024

11:22

4.463

Големина на фонт

а а а

Она што го прави човештвото разновидно меѓу останатото се и егзотичните племиња кои се чини дека се заборавени од остатокот од светот, но всушност имаат многу интересна историја зад себе. Едно такво племе за кое никој никогаш не слушнал е племето Калаш од Пакистан, за кое се верува дека потекнува од Александар Македонски.

Со популација од само 5.000 луѓе, племето Калаш е најнеобичниот народ на светот. Благодарение на нивната необична облека и обичаи, ова племе собира симпатии од целиот свет.

Од април 2017 година регионалниот суд во градот Пешавар и официјално ја призна оваа заедница како посебна етничка и верска група.


Човекот зад петицијата за признавање на Калашите кој со години се борел за тоа вели дека се остварил неговиот сон.

„Веста се прошири низ нашите села како оган“, изјавил тогаш 32 годишниот Вазир Зада, додавајќи дека луѓето се многу среќни. „Дури и нашите муслимански соседи се среќни. Тие велат „нашите браќа сега добија идентитет“, додава Зада, наведувајќи дека сега ќе ги добијат сите права и обврски како што ги имаат другите заедници во Пакистан.

За нив се смета дека потекнуваат од самиот Александар Македонски, што ги прави уште поинтересни за проучување. Посветла коса и сини очи, племето Калаш јасно се разликува од пакистанските сонародници. Имено, кога научниците ја испитувале женската линија Калаш, откриле некои генетски сличности кои водат до географските граници меѓу Азија и Европа, што може да се поврзе и со македонското потекло.


Всушност, некои верски обреди кои ги практикува племето Калаш може да имплицираат македонско античко потекло, како што е употребата на бројни свети пијалаци, особено виното, кое се поврзува со грчкиот бог на виното, Дионис. Тие исто така веруваат во подземниот свет наречен Палалој, кој може да се поврзе со мистичниот подземен свет на античките Грци, Тартарус.

Калашите не наликуваат на ниту една друга заедница во Пакистан. Половината од нив практикуваат форма на антички Хиндуизам со влијание на пагански верувања.


Тие прославуваат верски празници со музика, игри и алкохол кои сами го произведуваат.

Нивните ритуали вклучуваат мажени жени да бегаат за други мажи, како и момчиња да имаат сексуален однос со која било жена што ќе ја изберат кога ќе достигнат пубертет. Други ритуали вклучуваат жртвување десетици кози.

Секој мај, Калашите го прослават доаѓањето на летото со фестивалот Чилам Јоши. Тие се собираат на танц и музика, ги покриваат нивните домови со цвеќиња и нудат млечни пијалаци.

Иако постојат индикации кои укажуваат на можна генетска врска со Александар Македонски, пакистанскиот генетичар д-р Касим Ајуб, проучувајќи ја ДНК-та, открил дека племето Калаш не е дел од грчкото античко наследство.


И покрај нивното неизвесно потекло, нивниот специфичен начин на живот, култура и традиција им донесе место на листата на заштитени култури на УНЕСКО. Овој народ има и свој јазик, кој припаѓа на фамилијата на дардските јазици, а од неодамна и азбука.

Можеби нивниот најчуден обичај, покрај постелата на покојникот на гробот, е верувањето во чисти и нечисти работи. Така, чисти се: козите, планините и мажите, а нечисти се: кокошките, јајцата, влакната, како и жените за време на менструацијата и по породувањето, кога престојуваат во посебни куќи.

Сите жени носат традиционална народна носија, чуи: црн фустан до подот со шарени детали на рабовите, купаси на главата, капа во облик на круна со волнена лента што паѓа на грбот украсена со школки, ѕвона и копчиња, а околу вратот се задолжителни ланчиња со разнобојни монистра.


Калашите се последните преживеани од народот на Кафиристан – или земјата на неверниците, област со која се опфатени северозападниот дел на Пакистан и источниот дел на Авганистан, пред регионот да се подели со границата помеѓу Авганистан и британска Индија во 19-тиот век.

Калашите во Пакистан делат блиски културни и лингвистички врски со нивните роднини во Авганистан познат како Нуристанци, кои живеат главно во источната провинција Нуристан.


Жителите на Кафиристан беа постојано мета на авганистанските кралеви кои ги ограбуваа локалните жители принудени да го прифатат исламот. Името на областа подоцна беше променето во Нуристан, што значи земја на просветлени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг