[ВИДЕО/ФОТО] Најубавата Германка во креација од бајките одржа лекција за тоа како се доаѓа на црвениот тепих: Изгледа како самовила, впечатокот е фантазија

Точка

06/09/2024

10:38

14.629

Големина на фонт

а а а

Една од најпознатите светски модни инфлуенсерки, Леони Хане, е редовна гостинка на Филмскиот фестивал во Венеција, па и оваа година со своето присуство го краси престижниот настан.

Нејзините изданија се секогаш многу внимателно одбрани и со самото тоа и спектакуларни, односно дизајнирани така што оставаат силен впечаток.

Леони Хане пристигна на Филмскиот фестивал во креација од бајките, која е дефинитивно една од најубавите и најефектните оваа година на црвениот тепих во Венеција.


Познатата Германка присуствувала на официјалната премиера на филмот „Babygirl“ пред неколку вечери, воодушевувајќи ги сите присутни, а потоа и модните критичари, во раскошна, драматична тоалета која на најдобар начин ја истакнала нејзината нежна убавина.

Леони избрала креација на украинската модна куќа „Milla Nova“, откривајќи дека станува збор за фустан од нејзините соништа како и дека самата го дизајнирала со помош на креаторите на брендот.


Станува збор за светлозелена тоалета со горен дел во форма на корсет кој создава илузија на фигура на песочен часовник, и со спектакуларен долен дел изработен од десетици метри од најубавиот, плисиран муслин со шлеп украсен со огромни, тридимензионални рози.

36-годишната Хане го комплетирала изданието со нежна долга марама која се „претопувала“ во фустанот и која придонела за елегантен впечаток и скапоцен дијамантски накит. Таа се одлучила за свечена, висока пунџа и шминка во која доминирале руменилото и карминот.