Докторот вели: Доколку сакате да го забавите стареењето, земајте ги следните додатоци во исхраната

Точка

03/09/2024

14:17

11.162

Големина на фонт

а а а

Како што старее човекот, одржувањето на младиот изглед на кожата станува сè поважен, а особено по четириесеттата година. Додека генетиката и животните услови имаат значајна улога врз начинот на стареење на човекот, друг значаен фактор е и исхраната, а лекарите тврдат дека одредени додатоци во исхраната можат да придонесат кон блескав тен и младешки изглед на кожата.

Пластичниот хирург и експерт за стареењето, докторот Ентони Јоун, вели дека постојат четири додатоци во исхраната коишто можат да го успорат процесот на стареење.


Првиот додаток се мултивитамините, а докторот Јоун ги препорачува оние коишто содржат витамини А, Ц, Д и цинк. Не само што некои од овие антиоксиданти помагаат во борбата против слободните радикали коишто ги оштетуваат клетките во телото, туку витаминот Ц е исто така витален за производството на колагенот во телото, а колагенот е оној којшто е одговорен за давање на цврстина и мазност на човековата кожа.

Според Јоун вториот тип на додатоци во исхрана коишто луѓето треба да го користат во борбата против стареењето се омега – 3 масните киселини, како што е маслото од риба коешто делува противвоспалително и може да помогне во намалувањето на воспалителните нарушувања на кожата.


Покрај ова омега – 3 масните киселини ја хидрираат кожата и помагаат во лекувањето и закрепнувањето на кожата, а можат дури и да помогнат кај оштетувањата на кожата настанати од УВ зрачењето.

Докторот Јоун исто така ја препорачува консумацијата на пробиотиците, и вели дека постои голема поврзаност помеѓу здравјето на цревата и здравјето на кожата, и поради тоа препорачува додавање на квалитетен пробиотик во човековата секојдневна исхрана. Пробиотиците го одржуваат здравјето на дигестивниот систем и ја подобруваат апсорпцијата на хранливите материи, а истовремено им помагаат на цревата да одржуваат здрава рамнотежа на бактериите во цревата.


Пробиотиците исто така можат и да помогнат во справувањето со болестите на кожата како што се акните, егземата и псоријазата. Докторот Јоун за максимален ефект, препорачува земање на пробиотици коишто содржат повеќе од пет милијарди „CFU“.

На крајот докторот препорачува сите, освен веганите да консумираат хидролизиран колаген како додаток во исхраната. Меѓутоа постојат одредени сомнежи во ефективноста на овој колаген, коишто тврдат дека овој додаток во исхраната не може да се апсорбира во желудникот, но од друга страна постојат истражувања коишто тврдат дека колагенот има позитивни ефекти кога станува збор за хидратацијата, брчките и еластичноста на кожата.


Докторот Јоун исто така вели дека направената студија, покажала дека редовната консумација на колагенот може да ја направи кожата посјајна, а забележани биле и други здравствени придобивки, како што се: поголема енергија и поздрави зглобови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг