Познатата дизајнерка Донатела Версаче изненадила со својата последна објава на социјалната мрежа Инстаграм, овојпат позитивно.
Популарната дизајнерка Донатела Версаче (70), со години е главна тема кога станува збор за изгледот. Неа ѝ се припишуваат голем број естетски корекции поради кои се довела до непрепознатливост и често е на мета на негативни коментари.
Сепак, таа признава дека користела само ботокс.
Сега објавила фотографија со која сите ги изненадила. Донатела позирала во елегантен фустан, а нејзиното лице било во прв план.
Јасно се гледа дека горната усна изгледа потенко од вообичаено, а и образите ѝ се поразлични во однос на она што сме го виделе претходно.
Со оглед на тоа каква лавина коментари иницирала со оваа фотографија, за „Daily Mail“ се огласила и Анастасија Колес, основач на дерматолошката клиника во Лондон, која дала свое мислење.
„Невозможно е да се каже што коригирала на лицето или не, без да ја видам во живот. Врз основа на фотографијата, се чини дека горната усна ѝ е помала од претходно, што може да биде последица на повеќе причини. Делува како во минатото да имала трајни филери, веројатно силиконски во комбинација со хијалуронски филери кои се ставени над нив. Ако хијалуронскиот филер е стопен или природно се разградил, тоа би можело да се објасни со намалениот волумен“, изјавила докторката.
„Почетното зголемување на усните исто така би можело да биде последица на силиконите во комбинација со ефектниот фејслифтинг при кој кожата се затегнува многу цврсто кон страните на лицето. Нејзината линија на вилица исто така изгледа дефинирано, што може да биде резултат на дермални филери за подобрување на структурата или третман за затегнување на кожата“, вели Анастасија.