Боксерската легенда Оскар де ла Хоја објави видео снимка на Инстаграм, но снимката за кратко време Инстаграм ја избриша од неговиот профил.
Боксерот и неговата девојка Холи Сондерс се снимале како танцуваат со песната „Loca People“ во заднина, пишува „Дејли Меил“. Причината поради која оваа снимка беше проблематична е тоа што Оскар на снимката е облечен само во танга гаќи, па на тој начин предизвика бројни реакции на социјалните мрежи а снимката стана вирална.
Oscar De La Hoya is out of control wearing a THONG. Dancing with his ♻️🚮🙈 Girlfriend. She posted this and the internet will do what it do⚠️☠🤣🙅♂️🤷♂️. #trending #trend #viral #parati #fyp #oscardelahoya #Dancing #boxing #boxeo #boxingfan #noboxingnolife #boxingnews pic.twitter.com/wAGt80UMWh
— J. Rafael Soto (@BebosjRafael) August 19, 2024
Негативните коментари под оваа снимка само се зголемуваа, па така Инстаграм го избриша ова видео од неговиот профил, а Оскар како одговор на тоа кажа дека луѓето го мразат бидејќи е среќен.
„Само што добив забрана. Мојата последна објава беше многу смешна, а „хејтерите“ ја пријавија за недолична. Мразат да ме видат среќен“, кажа Оскар.
Потсетуваме ова не е прв случај боксерот да биде во центарот на вниманието на јавноста. Уште во 2007 година, се појавија фотографии од него облечен во мрежести чорапи, женска долна облека и со перика на главата, но тогаш велеше дека на тие фотографии бил дрогиран. Инаку Оскар во минатото имал проблеми со дрогата и алкохолот, а како причина за тоа го потенцираше лошиот однос со мајка му.