Отказот бил неминовен: Менаџментот на Леверкузен извлекол брутални заклучоци за работата на Тен Хаг

Дерби

03/09/2025

13:51

1.324

Големина на фонт

а а а

Ерик Тен Хаг заработи отказ од Баер Леверкузен после само два месеци минати во Германија, па иако за многумина оваа одлука беше чудна и несфатлива, менаџментот на бундеслигашкиот вицешампион има сосема друга теорија.

Угледниот „Билд“ веќе втор ден се занимава со отказот на поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, но според изворите кои ги добива овој реномиран медиум, водечките структури на клубот воопшто не се колебале за разделба, без оглед на високата отштета што ќе мора да му ја исплатат (околу 7 милиони евра).

Според изворите до кои дошол „Билд“, водечките директори на Леверкузен уште првиот месец биле загрижени од јавните излагања и несоодветните интерни барања кои ги имал за спортскиот проект на тимот, но откако сфатиле дека постои големо незадоволство и кај самите играчи од првиот тим, почнало да се размислува за отказ уште во месец август.

Двата премиерни натпревари во Бундеслигата не му помогнаа на Тен Хаг да го поправи впечатокот во вид на позитивни резултати, па откако тимот освои само еден бод во дуели со Хофенхајм и Вердер Бремен, раководството на клубот го информираше за отказот.

Стартот на новиот месец донесе отказ за некогашниот трофеен тренер на Ајакс, но како што пренесува „Билд“, менаџментот на Баер Леверкузен брзо донел заклучок дека Тен Хаг е најлошиот тренер кој минал на „БајАрена“ во последните 20 години, па затоа траеше и пократко од било кој претходно.

Претходно беше пренесено дека голема интерна кавга настанало и во моментот кога Баер Леверкузен го ангажираше Лукас Васкез без одобрување на Тен Хаг, па сите овие причини го преизвикаа неизбежното, а тоа е рана разделба меѓу „фармацевтите“ и искусниот холандски стручњак.