Македонската експедиција отпатува за Прага, следи главниот тест пред натпреварот со Лихтенштајн

Дерби

03/09/2025

13:52

251

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација има намера да го продолжи позитивниот натпреварувачки ритам и во месец септември, ФИФА прозорец во кој нашиот најдобар тим ќе одигра само еден квалификациски меч.

Избраниците на Благоја Милевски во недела на домашен терен ќе играат против Лихтенштајн, но пред да се прават планови за тој квалификациски натпревар, фудбалерите утре ќе одиграат силен тест против Саудиска Арабија.

Селекторот Милевски утре ќе има шанса да тестира и да им даде шанса и на фудбалери кои поретко се на теренот, а неговиот стручен штаб и цела македонска експедиција денеска веќе се упати кон Прага.

Чешката престолнина ќе биде град домаќин на пријателскиот дуел меѓу Македонија и Саудиска Арабија, натпревар кој е закажан за утре во 17:00 часот.

Три дена подоцна на програмата е квалификацискиот меч против Лихтенштајн на „Тодор Проески“, а доколку Македонија победи и ја оправда фаворитската улога, ќе остане прва на табелата во групата Ј.