Хаусен сподели импресивно искуство за тренинзите на Чаби во Реал

Дерби

03/09/2025

14:29

1.042

Големина на фонт

а а а

Дин Хаусен беше едно од првите летни засилувања на Реал Мадрид и пристигна уште пред стартот на Светстото клупско првенство, па како фудбалер кој веќе три месеци е во „кралскиот клуб“, шпанскиот репрезентативец може да ги извлекува и првите заклучоци.

Иако сите се запознаени со големината на Реал Мадрид како клуб, Хаусен вели дека чувстото е сосема поинакво кога секој ден го доживувате тоа лично, но во ексклузивното интервју за „Марка“, сподели и искуства од напорните тренинзи на тренерот Чаби Алонсо.

Новиот тренер на Реал бара максимален интензитет и апсолутно залагање за секоја топка на тренинзите, па Хаусен вели дека понекогаш тренинзите се понапорни од официјалните натпревари.

– Тоа што на тренинзите имам ривали како Мбапе, Винисиус или Родриго е најдобро нешто што може да ми се случи, така напредувам секој можен ден. Понекогаш, тренинзите кои ги имплементира Чаби се понапорни од самите натпревари кои ги играме, – вели импресионираниот Хаусен.

– Презадоволен сум од сето она што ми се случува досега. Соиграчите ме пречекаа толку добро, се изгледа спетакуларно на стадионот и во тренинг базата. Сите го замислуваме Реал за фудбалска големина, но кога ќе дојдете тука, дури тогаш сфаќате за што станува збор. Многу сум благодарен што играм за овој клуб, – додава стоперот.