За само неколку години вежбање, Штефана Санду стана европски и светски шампион во бодибилдинг.
Романката Штефана Санду (22) како тинејџерка се занимавала со ракомет, а првпат ја посетила теретаната со цел да ја подобри својата физичка подготвеност за натпреварите.
Но, токму тој чекор ѝ го променил животот од корен, а денес таа е една од најпознатите бодибилдерки во Романија.
На „Instagram“ има повеќе од 42.000 следбеници, а нејзината трансформација ги воодушеви луѓето ширум регионот и светот.
Во само неколку години активно тренирање, Штефана ја освои светската титула на натпревар во Будимпешта, а во 2022 година стана и шампионка на Европа.
На социјалните мрежи таа често споделува мотивациски објави, а особено внимание привлекуваат фотографиите пред и по трансформацијата – доказ колку посветеноста и трудот можат да го променат животот.
„Од година во година сфаќам дека тренинзите ме прават позрела и ми помагаат да ја изградам внатрешната сила. Секој тренинг беше тежок, не поради самиот процес, туку поради другите проблеми што се дел од животот и се неизбежни. Следи ги своите соништа и прави го само она што ти го вели душата – тоа никогаш нема да те одведе на погрешен пат!“, порача Штефана.