Јамал за јавната опомена од Ханси Флик: Не верувам во такво нешто…

Дерби

03/09/2025

12:59

2.061

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик реагираше прилично бурно по ремито на БАрселона против Рајо Валјекано, не поради резултатот, туку поради сликата која ја остави неговиот тим на гостувањето во мадридското предградие.

Барса беше целосно надиграна и освои бод само благодарение на неверојатниот Жоан Гарсија, а во ситуација кога следи репрезентативна пауза, Ханси Флик реши да ги предупреди своите ѕвезди со громогласна порака.

– Минатата година игравме тимски фудбал и работевме како група. Најважно од се, немаше фудбалски ега во соблекувалната. Егото знае да го уништи тимскиот успех, не смее да се има пресилно его, – порача Ханси Флик, видно разочаран и револтиран од тоа што Барселона не играше како тим.

Оваа негова изјава брзо отвори голема дебата во шпанската спортска јавност, а иако зборовите беа максимално сериозни, Ламин Јамал ја спушта топката на земја и вели дека не станува збор за егоцентризам.

– После такво реми главите знаат да бидат врели, а Барселона е клуб во кој секогаш мора да победувате. Сметам дека нема никаква врска со фудбалско его.

– Тренерот беше во право за грешките кои ги направивме, но не верувам дека тоа има врска со фудбалско его. Освоивме 7 бода од можни 9 на три тешки гостувањата. Не заборавајте дека сите три натпревари ги игравме на гостински терен, па дури и покрај тоа што не сме свои, успеваме да освоиме доста бодови.

– Како што кажав претходно, на стартот на сезоната ни недостасува интензитет и концентрација од минатата сезона. Набрзо ќе го вратиме тоа, не станува збор за релаксација во тимот и ве уверувам дека остануваме многу гладни. Ние сме млад тим кој има уште толку многу работи за освојување. Првенството е многу долго и ова е само почеток, – изјави Јамал.