Социјалните мрежи се немилосрдни: Хајлајтс од киксови од новиот голман на Јунајтед

Дерби

03/09/2025

14:28

1.336

Големина на фонт

а а а

Рио Фердинанд во своето последно обраќање на „Јутјуб“ каналот откри дека добил добри препораки за Сен Ламенс од страна на Тибо Куртоа, но легендата на Манчестер Јунајтед изрази загриженост околу фактот што младиот белгиски голман во овој момент не е „готов продукт“.

Фердинанд смета дека Јунајтед како тим нема време за чекање и потребна му е стандардна „единица“ во која сите ќе имаат верба, а јасно е дека Ламенс пристигнува во клубот со цел да се развива и да се докажува кај менаџерот Рубен Аморим.

Јунајтед плати 18 милиони фунти за Ламенс на белгиски Антверп и ја надополни позицијата која изгледа најранливо во почетните 11 на Аморим, но уште пред да добие било каква шанса во англискиот фудбал, дел од фановите веќе се потсмеваат со новото засилување на „црвените ѓаволи“.

Социјалните мрежи станаа место на кое се достапни многу видео материјали, па во последните неколку часа циркулира видео на кое се прикажани низа киксови на 23-годишниот Ламенс.

Видео материјалот брзо стана вирален хит, а дел од фановите веќе заклучуваат дека менаџментот на Јунајтед договорил уште едно трансфер промашување.