Михаин Лопез Нуњес го освои петото последувателно злато во борење. Четириесет и едногодишниот кубанец повторно ги демолираше конкурентите на олимписките игри во Париз.
Лопез во финалето го победи чилеанецот Јасманиј Акоста Фернандес со 6:0. Кубанецот уште на олимписките игри во Токио во 2020 година успеа да постигне нешто што никој друг го немаше направено, но на овогодишните олимписки игри тој отиде чекор понапред и стана првиот спортист којшто освоил златен медал на пет различни олимписки игри.
Од петте освоени златни медали, три освои без да им препушти на ривалите ниту еден поен.
Лопез ја прослави победата соблекувајќи ги чевлите и оставајќи ги во рингот а во светот на борењето овој потег го симболизира пензионирањето на борецот, што значи дека Лопез ќе стави крај на својата кариера.
Lopez nunez mijain takes off the shoes. 5 time gold medalist .., not even a point scored on him 🥇🥇🥇🥇🥇
— Kosha Dillz (is @ Paris Olympics 2024) (@koshadillz) August 6, 2024
Olympic history and u got to witness it pic.twitter.com/UmTF3YyHua
„Џинот од Херадура“ како што го нарекуваат овој мајстор во грчко – римски стил на борење, стана познат по тоа што своите противници ги креваше на рамо и ги фрлаше како да се играчки, што е самото по себе неверојатно бидејќи првите два златни медали Лопез ги освои во категориите до 120 и 130 килограми.
Неговата огромна сила води потекло уште од неговото детство, кога како дете на рамењата носел домашни животни и тешки кутии со овошје. Еден тренер ја забележал неговата сила и така прво започнал да тренира бокс, за потоа друг тренер да го охрабри да започне да се занимава со борење коешто толку многу го засакал и никогаш не се откажал од него дури и кога доживеа двојна скршеница на ногата во 2008 година.
Лопес се здоби со огромна популарноста во неговата татковина и се верува дека само покојниот Фидел Кастро бил попопуларен од него.
Златниот медал на олимписките игри во Рио го посвети токму на Кастро, а го спомена „големиот командант“ и во текот на олимписките игри во Токио.
Многу земји се обидуваа да го убедат Лопез да настапува за нив нудејќи му неверојатни услови, но Лопез му остана верен на својот народ и така застана рамо до рамо со легендите на кубанскиот бокс Теофил Стивенсон и Феликс Савон кои пак одбиваа да станат професионалци за да можат да ѝ носат медали на Куба.
Ривалот на Лопез во финалниот меч во Париз, Јасмани Акоста Фернандез се смета за најдобар борец на светот во последните 10 години,а кој исто така по потекло е Кубанец, меѓутоа имаше несреќа да настапува во иста категорија како Лопез, а бидејќи на олимписките игри може да настапува само еден натпреварувач од една иста земја во иста категорија, Фернандез никогаш не доби шанса покрај моќниот Лопез.
Дури кога доби државјанство на друга земја успеа да стаса до финалето и да освои сребро а покасно во Лос Анџелес ќе се бори за злато.