Ова не се случило од 1915 година: Браќата Еспозито влегоа во историјата на италијанската репрезентација

Дерби

29/09/2026

11:24

299

Големина на фонт

а а а

Италија полесно од очекувањата славеше над Турција со 4-1 на средбата во Бурса во рамките на Лигата на нации, резултат кој значеше прво славје за „аѕурите“ во овој циклус, а воедно и прв триумф за селекторот Роберто Манчини во вториот мандат на оваа функција.

Манчини направи доста промени во почетната постава и со своите потези придонесе да се случи историски момент, нешто што го немало во националниот тим од 1915 година.

Имено и во минатото имало браќа кои во ист момент биле на теренот (како на пример Симоне и Пипо Инѕаги во 2000 година против Англија), но од 1915 година немало случај двајца најблиски родини да бидат стартери за националниот тим.

Токму тоа се случи со Пио и Себастијано Еспозито, играчите на Интер и Сасуоло кои беа стартери и дадоа придонес во убедливиот триумф. Последен пат браќа да играат за Италија и воедно да почнат од првата минута биле Алдо и Луиџи Чевенини, фудбалери кои биле дел од спектаклот против Швајцарија и победата од 9-4 во која двајцата се запишале во листата на стрелци.

За семејството Еспозито ова е уште еден специјален момент, комплетирање на „хет-трик“ затоа што пред четири години за Италија настап забележа и Салваторе кој сега е дел од Сампдорија.