Капинковски го објави списокот за дуелите со Луксембург

Дерби

29/09/2026

11:20

184

Големина на фонт

а а а

Селекторот на македонската репрезентација до 19 години, Димитар Капинковски, го објави списокот на фудбалери за претстојниот репрезентативен собир.

Селекцијата на Македонија ќе биде на подготовки од 29 септември до 3 октомври, во рамки на кои ќе одигра два контролни натпревари против Луксембург.

Голмани: Александар Трајков (Брера), Алмин Суљевиќ (Скопје)

Одбрана: Стефан Секирски (Тиквеш), Андреј Димовски (Брера), Христијан Маркоски (Келн), Матео Кесик (Јединство), Анес Абдурахмани (Шкендија), Албан Рочи (Струга);

Среден ред: Јован Мрмачовски (Пелистер), Давид Ангелевски (Спартак), Габриел Талески (Брера), Бојан Велков (Брера), Блерон Бајрами (Вардар);

Напад: Стефан Бранковски (Марибор), Иван Танчев (Брера), Флори Иљази (Шкендија)

Иво Марковски (Вардар), Јаков Стојковски (Падерборн), Јордан Дамевски (Арка), Осман Хасановиќ (Скопје);

Натпреварите ќе се одиграат на 30. септември и 1. октомври на гостински терен.