Лионел Меси е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалот, а нова негова магија од прекин видовме на мечот кој рано утрово се одигра во МЛС лигата, средба на која Интер Мајами беше гостин на Колумбус Кру.
Се играше 33 минута кога аргентинскиот ас изведе мајсторски слободен удар од тешка позиција и успеа да го матира домашниот голман за 1-1 во тие моменти. Ова за Лео беше 76 постигнат гол од вакви позиции со што е чекор поблиску да се искачи на првото место на вечната листа.
¡GOLAAAAZO de Leoooo! 🤯🐐
Tiro libre perfecto de Leo Messi para empatar el partido. https://t.co/gq5vpIBWjB
— MLS Español (@MLSes) September 27, 2026
Меѓутоа она што е лошо за Интер Мајами е дека одново не победи, доживеа драматичен пораз од 2-1 со погодок во 98 минута. Две минути претходно гостите останаа со играч помалку (Моралес), а потоа веднаш стигна казна од Колумбус преку Тиаре со тоа што мора да се каже дека за голот голема заслуга имаше голманот на Интер, Риос кој регираше многу лошо во таа ситуација.








