Сеск Фабрегас важи за еден од најперспективните млади тренери на светот, ас кој играчката кариера ја заврши во Комо, тим во кој потоа почна да се развива како стратег, ја презема првата екипа и бележи резултати со кои го сврте внимание кон себе.
Шпанецот успеа за кратко време да создаде еден убав амбиент, одлична група на играчи кои на клубот му донесоа историски успех, пласман во Лигата на шампионите.
Фабрегас и покрај интересот од неколку големи клубови остана да го води Комо и во тековнава сезона која ќе биде исполнета со доста предизвици, натпревари во домашните натпреварувања и ЛШ. Останува да се види како калчолигашот ќе одговори на ова темпо и како Сеск како стратег ќе се снајде затоа што ако го направи тоа и успеа да го задржи тимот при самиот врв на италијанскиот фудбал тогаш прашање е на време кога ќе ја промени средината и ќе отиде во поголем тим.
Тој има договор до 2028 година, но во истиот има поставено интересна клаузула. Имено откриено е дека неговите поранешни клубови Арсенал, Челси и Барселона – можат да го потпишат за однапред одредена сума, без потреба од понатамошни преговори со Комо.
Друго прашање е колку оваа „тројка“ има потреба од Фабрегас во моментов, Микел Артета е главен во Арсенал и веќе е подготвено да потпише нов договор, Чаби Алонсо од пред само неколку месеци беше ангажиран од Челси како лидер на проектот кој треба да расте, додека Ханси Флик засега е мирен, сигурен во Барселона каде има јасна мисија да ја донесе и таа толку посакувана титула од ЛШ.








