Манчини директен: Италија нема повеќе генерација како онаа на Тоти и Де Пјеро…

Дерби

28/09/2026

14:34

160

Големина на фонт

а а а

Роберто Манчини доби втора можност како селектор на Италија што е вистински предизвик затоа што националниот тим влезе во одредена криза откако токму тој си замина од позицијата како предводник на некогашниот светски шампион.

Со оглед на историјата, традицијата на Италија се гледа како селекција која мора да испора резултати, да биде конкурентна на највисоки дострели, но дали е тоа реалноста е друга приказна.

Манчини добро знае што има на располагање и испрати јасно порака кога е во прашање квалитетот правејќи споредба со некои други генарации на Франческо Тоти и Алесандро Дел Пјеро.

-Секој тим поминува низ различни циклуси, а во овој момент Италија се наоѓа во фаза на обнова. Немаме генерација како онаа на Тоти, Дел Пјеро и другите големи шампиони од минатото. Пред сè, ни треба време за работа, за меѓусебно запознавање и за изградба на тим кој може да биде конкурентен. Не ни треба ништо друго, -порача Манчини кој се надева на добар настап против Турција.

-Очекувам тимот да одигра добро против Турција, подобрувајќи го пресингот и агресијата. Во овие денови немавме време да подготвиме ништо ново, па затоа не очекувам никакви големи новини, -заврши селекторот.