[ФОТО] Поправен испит за „рисовите“: Репрезентативците го почувствуваа „Стожице“ пред дербито во Љубљана

Дерби

29/09/2026

06:50

385

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација има шанса за поправен испит само неколку дена по разочарувањето наречено Швајцарија, па избраниците на Гоце Седлоски веќе утре ќе добијат прилика да ја изменат сликата од саботата.

Нашите репрезентативци одржале состанок зад затворени врати по лошото издание против фаворизираната Швајцарија, а иако поразот беше болен, атмосферата во националниот тим останува на највисоко ниво, особено пред дуелот со Словенија.

Гоце Седлоски најави неколку освежувања и промени во почетните 11 во националниот тим, па јасно е дека сега има почиста слика за тоа кој ќе почне од првата минута по последниот тренинг.

Македонските фудбалери вечерва го почувствуваа теренот на „Стожице“, а целта мора да бидат први бодови во Б дивизијата во Лигата на нации, како и прекинување на црната низа во голгетерски план.

Македонија ќе брка прв гол во ерата на Гоце Седлоски како селектор на националниот тим, па по лошото издание против Швајцарија, сигурно кај играчите нема да недостасува мотив да се презентира националниот дрес во најдобро можно светло.