Кои се мајките на децата на Илон Маск? Милијардерот доби и 12-то дете, а малкумина знаат што прават жените со кои магнатот дели деца

Точка

05/08/2024

13:20

5.189

Големина на фонт

а а а

Бизнисменот и најпознатиот милијардер во светот, Илон Маск, не престанува да ја шокира јавноста со своите изјави и постапки, а сега наводно го доби и своето дванаесетто дете.

Контроверзниот бизнисмен Илон Маск, познат по своите неконвенционални ставови, отсекогаш ја заинтригирал јавноста.

Покрај тоа што важи за еден од најбогатите луѓе во светот, а неговиот успех во кариерата е многу интересен за сите, се чини дека луѓето уште повеќе ги интересира неговиот приватен живот.


Кои се мајките на неговите деца?

До неодамна се знаеше дека Маск има 11 деца со дури 3 различни жени, а сега во јавноста стигна информацијата за раѓањето на најновиот член на неговото семејство.

Во бракот со својата прва сопруга Џастин Маск, славниот милијардер ги имаше близнаците Грифин и Вивиен, како и тројките Каи, Саксон и Демиен. Најстарото дете на славната двојка почина веднаш по раѓањето.

Интересен факт е дека Вивиен е родена како Ксавиер Маск, а трансродовата девојка набрзо го сменила името во Вивиен Џена Вилсон и така целосно се оддалечила од својот славен татко и неговото презиме.

Бизнисменот дели два сина и една ќерка со ексцентричната пејачка Грајмс, која е 17 години помлада. Парот го шокираше светот со чуден избор на детски имиња - малечките се викаат X, Techno Mechanikus и Y.


Само еден месец пред тој и пејачката да ја пречекаат ќерката Екса (Y) со помош на сурогат мајка, во ноември 2021 година, Маск ќе стане татко на близнаци кои му ги роди директорка на компанијата Neuralink, Сивон Зилис.

Според Bloomberg, успешната бизнисменка на почетокот на оваа година му родила дете на Илон, нивно трето, а дванаесетто дете на милијардерот.


Сака да го зголеми наталитетот

Илон Маск е познат по својот груб однос кога е во прашање растечкиот тренд на намалување на светската популација и често се изјаснува на оваа тема.

- Колапсот на наталитетот е најголемата опасност со која се соочува цивилизацијата - изјави тој во 2022 година.

И покрај тоа што е зафатен бизнисмен и има многу деца, познатиот магнат нагласува колку му е важно времето поминато со неговите наследници.

-Секогаш се трудам да одвојам време за моите деца затоа што сакам да се дружам со нив - истакна еднаш тој.


Името и полот на најновиот член на семејството на Маск се уште не и се познати на јавноста, а бидејќи медиумите не успеаја да го добијат неговиот коментар, останува да чекаме само потврда од милијардерот.