Инфлуенсерката Дебора Пеихото се пофали дека пронашла необичен начин за заработка. Нејзините обожаватели плаќаат 84 фунти (97 евра) за да ја гледаат како спие и тоа во живо. Секоја вечер, како што тврди, околу 40 луѓе го следат нејзиниот сон, пренесе „Jam Press“.
Оваа 32-годишничка го нарече својот потфат „ноќно ријалити шоу“, нагласувајќи дека не вклучува никаква содржина за возрасни. Таа тврди дека нејзините следбеници го ценат пристапот до „моменти на целосна тишина и интимност“.
Невообичаени барања од публиката
„Почнав да добивам пораки во кои се вели дека не морам ништо да правам, дека самото мое присуство во тишина е доволно“, изјави бразилската креаторка на содржини со 30.000 следбеници. „На почетокот ми беше чудно, но откако забележав колку често добивав вакви барања, решив тоа да го претворам во комерцијален производ. Тоа е поинаков вид на поврзаност“.
„Идејата е да се создаде тоа чувство на блискост“
Дебора откри дека емитувањето е инспирирано од „естетиката на надзорните камери“. Сцената вклучува слабо осветлена спална соба со фиксиран фокус на креветот, без музика или прекини. Претплатниците добиваат ексклузивен пристап до преносот, кој, иако симулира надзорна камера, таа целосно го контролира заради заштита на сопствената приватност.
„Идејата е да се создаде тоа чувство на блискост, како личноста да е таму во собата со мене. Ништо не се случува, и токму тоа е она што го сакаат некои луѓе – отсуството на стимулација станува стимулација“, објасни таа. Досега, како што рече, продала повеќе од 40 претплати.
„Можеби на некои им изгледа чудно, но постои публика која бара токму ваков вид искуство. И тоа е лојална публика, онаа која сака нешто што само јас можам да го понудам на овој начин“, заклучи Дебора.