Го нашле на улица онесвестен во туѓа валкана облека: Смртта на легендарниот писател и до ден-денес е мистерија, ова биле неговите последни зборови

Точка

20/07/2024

18:02

8.127

Големина на фонт

а а а

Едгар Алан По стекнал светска слава како писател на мистични приказни преполни со морничавост и хорор. И тогаш, баш како на филм или во некој негов ракопис – и неговата смрт станала таква! До денес една од најголемите мистерии на светската книжевност е одговорот на прашањето: „Како починал Едгар Алан По?“.

Кога Вокер пристигнал пред зградата, затекнал човек во делириум – облечен во искината, стара облека, како лежи на земја.

Човекот бил полусвесен и не можел да оди, а вистинско изненадување настанало кога Вокер сфатил дека го познава тој човек – тоа бил Едгар Алан По!


Загрижен за здравјето на писателот, Вокер застанал и го прашал По дали има познаници во Балтимор кои би можеле да му помогнат.

По успеал пред Вокер да го изговори името Џозеф Е. Снодграс, уредник на списание со одредена медицинска обука, кого Вокер веднаш го контактирал за помош, пишува „Смитсонијан магазин“.

Каде исчезнал Едгар Алан По?

Смртта на По, обвиткана со мистерија, се чини дека е извадена директно од страниците на едно од неговите дела. Со години живеел создавајќи слика на човек инспириран од авантура и фасциниран од загатки – поет, детектив, писател, светски патник кој се борел во Грчката војна за независност и бил затворен во Русија.

Но, иако неговата смртовница како причина за смртта го наведува отокот на мозокот, мистериозните околности околу последните денови на познатиот писател довеле до тоа за смртта на По и денес да се шпекулира.

Со текот на годините, се развиле многу теории за тоа од што всушност починал Едгар Алан По. Една од првите верзии на настанот претпоставувала за можноста По да налетал на насилници кои го ограбиле и претепале, оставајќи го на улица.

Познато е дека По имал слаба толеранција на алкохол, па многу теории го наведуваат тоа како можна причина за несреќата. Други претпоставки се колера, лекови, срцеви заболувања, беснило, самоубиство, убиство, туберкулоза.


Особено е интересна тероријата според која Едгар Алан По „паднал“ како жртва на политиката. Имено, во текот на 19 век не бил редок случај партиите да вработуваат цели банди кои буквално киднапирале луѓе и ги принудувале да гласаат за одреден кандидат. Доколку жртвата одбивала да гласа, бандата би ја претепала, а имало дури и неколку убиства.

Последната мистерија на Едгар Алан По


Иако со текот на времето теоријата за гласањето станала општоприфатена, особено по 1970-тите. Во 19 век, биографот на По, Џон Хенри Инграм, добил неколку писма кои наводно го потврдуваат тоа, вистината е дека никогаш не било до крај разјаснето како починал познатиот писател, а причината за смртта и денес не е позната.

Некои од теориите, како на пример дека По починал од труење со јаглерод диоксид настанат од согорувањето на јаглен кој во тоа време се користел за греење и осветлување, биле отфрлени по тестирањето на праменчињата од косата на По.


Сè досега, ниту една теорија не можела да ги објасни сите околности на исчезнувањето и повторното појавување на писателот, па така приказната останала неразјаснета сè до денес. Можеби е соодветно да се каже дека човекот кој ја измислил детективската приказна на крајот и нам ни остави да решаваме една – мистерија од реалниот живот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг