„Audi“ денеска го претставува „A5“, откриени првите детали! Доаѓаат уште два новитети

Точка

16/07/2024

15:12

9.669

Големина на фонт

а а а

Додека американските медиуми се занимаваат со заминување на моделот „A5“ купе и кабриолет, „Audi“ во Европа ја најави премиерата на сосема новиот „A5“.

„A4 станува A5“

„Audi“ денеска ќе го претстави новиот „A5“. За да нема забуна, станува збор за промени во номенклатурата, па така „A5“ станува наследник на популарниот „A4“. Ќе се нуди во „Sportback“ изведба каква што постоеше и порано и караванско издание „Avant“.

Најавата на новото „A5“ во „Audi“ ја искористиле и за да потсетат на електричниот „A6 e-tron“ кој премиерно ќе биде претставен кон крајот на месецот. На листата од новитети е и „Q5“ најавен за есен, што лично потврди и првиот човек на „Audi“ Гернот Долнер велејќи: „Во само неколку дена ќе го претставиме следниот семеен модел: Audi A5, Audi A6 e-tron доаѓа кон крајот на јули, а новиот „Audi Q5“ наесен“.


Повеќе фотографиите можете да погледнете тука и тука!


Во секој случај, „A5“ во двете каросериски изведби ќе добие далеку подинамичен изглед. Долното задно стакло и големите OLED светла веќе ги гледаме на најавната фотографија, а вреди да се потсетиме дека во подготовка се и секогаш интересните спортски верзии на „S5“ и „RS5“.


Повеќе фотографии можете да погледнете тука и тука!


За новото семејство „A5“ Донлер рекол дека ќе го означи почетокот на следната генерација мотори кои ќе бидат поефикасни благодарение на делумно електричното возење. Тоа упатува на низа благи хибридни и плаг-ин хибридни погонски склопови, при што се очекува дека вторите ќе понудат барем 100 километри електричен досег.

Потсетуваме, „Audi A5“ базиран на „MLB“ нема да добие сосема електрична верзија бидејќи тоа е резервирано за „A4“ со слична големина, кој би требало да дојде нешто подоцна.


„Audi A6 e-tron – нова идеја во високиот сегмент со средна големина“

„Audi A6 e-tron“ е првото електрично „Audi“ достапно за нашите купувачи како „Sportback“ и „Avant“ при лансирањето на пазарот. Неговиот впечатлив дизајн и извонредни перформанси, ефикасност и досег се некои од многуте причини сега да се префрлите на електрична мобилност – вели Долнер.

„Audi Q5“ – трета генерација рецепт за успех

„Audi Q5“ претставува успехот на „Audi“ повеќе од 15 години. Со третата генерација на нашиот најуспешен „SUV“ ќе почнеме оваа есен да го подмладуваме „SUV“ портфолиото со мотори за внатрешно согорување и делумно електрифицирани верзии, заклучил Долнер.

Само во текот на оваа и идната година „Audi“ ќе лансира повеќе од 20 нови модели – повеќе од 10 се целосно електрични.