Ако останете без гориво или струја на автопат во Германија – ве чека солена казна

Точка

07/05/2025

12:40

1.352

Големина на фонт

а а а

Казната изнесува 35 евра, но возачите најчесто ќе платат 70 евра – а тоа не е сè …

Да останете со возило на автопат затоа што ви се испразнил резервоарот или батеријата на електричен автомобил? Во Германија тоа се смета за сериозен прекршок. За вакви случаи постои законска основа, а полицијата редовно ги казнува возачите кои ќе останат на патот поради празен резервоар или испразнета батерија.


Ова не се случува ненадејно – возачите добиваат предупредувања на инструмент-таблата дека нивото на гориво е на резерва или дека батеријата е при крај.


Основната казна за ваков прекршок е 35 евра, но најчесто се плаќа 70 евра. Зошто? Доколку се задржите повеќе од три минути на автопат, тоа се смета за паркирање на место каде тоа е строго забрането. Освен тоа, се добива и еден казнен поен.


Можно е и дополнително зголемување на казната, особено ако полицијата утврди дека сте застанале на опасна локација или ако дојде до сообраќајна несреќа предизвикана од вашето застанување, пишува "ХАК Ревија".