Бред Пит ги издвои филмовите што ги смета за Библија: „Ужаснат сум од тоа колку 20-годишници не ги гледале“

Точка

06/07/2024

21:05

10.669

Големина на фонт

а а а

Бред Пит смета дека е вистинска штета што помладите генерации многу култни филмови ги сметаат за застарени.

Неговата загриженост е уште поизразена во последните години бидејќи комбинацијата од социјални мрежи и стриминг платформи создава зголемена желба за моментално задоволство.

Вниманието станува сè пократко, квантитетот често го надминува квалитетот, а има сè помалку ентузијазам за класиците што го обликуваа филмот како уметничка форма.

„Ужаснат сум од тоа колку 20-годишници не ги гледале „The Godfather“, „One Flew Over The Cuckoo’s Nest“ и „All The President’s Men“. Тие филмови за мене се Библија, а тие можеби никогаш нема да ги погледнат“, изјави Пит за „Esquire“.

Трите споменати филмови толку многу го импресионирале легендарниот актер што тој ги споредува со религиски текстови.

„Навистина мислам дека сите треба да ги проверат тие наслови што е можно поскоро и малку сум збунет што веќе не го направиле тоа“, додаде тој.

Меѓутоа, Пит во тие филмови го привлекле „приказните кои бавно се одвиваат“.

„Можете да уживате во приказната и да видите каде оди, а свесен сум дека тоа не им е примамливо на оние кои бараат брза забава која не бара претеран ангажман на мозокот“, заклучил тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг