Жујовиќ на вахабистите им служел како мамка за "заспаните" терористи: Што претходело на терористичкиот чин пред израелската амбасада во Белград

Точка

02/07/2024

23:12

6.219

Големина на фонт

а а а

Терористот Салахудин (Милош) Жујовиќ во својот убиствен поход тргнал за да одземе што е можно повеќе животи, сметајќи на тоа дека самиот на крајот ќе биде убиен и така ќе стане шехид, што е термин со кој се означува муслиман кој погинал во војна за верата.

За тоа сведочи видеоснимката која, во меѓувреме се проширила на вахабиските социјални мрежи на Балканот, а која го прикажува Жујовиќ како нешто зборува и го крева показалецот високо, симбол за „еден Алах“. Неговите зборови не се слушаат бидејќи ги покрива женски хор кој пее на арапски, а под неговиот лик има порака напишана со арапско писмо. Информатичките експерти укажуваат дека станува збор за креација изведена со помош на вештачката интелигенција, а познавачите на арапски јазик велат дека станува збор за повик за верска војна за исламот, џихад.

„На снимката се слуша џихадистичка песна, а испишаните зборови „Нека Алах го прифати како шехид“ зборуваат дека нападот на израелската амбасада во Белград бил планиран, и дека во терористичкиот акт влегол со идеја да загине за да стане шехид – херој кој ќе го слави вахабиското братство. Видеопораката е снимена за интерни потребни на вахабистите, со цел да се мотивираат други вахабии да го повторат неговиот подвиг. Ова е опасна фаза и оние радикални вахабисти кои не го познавале Салахудин и не биле дел од неговата мрежа, би можеле да почнат да се будат, мотивирани да го следат примерот на воинот кој отишол во смрт и стекнал статус на херој“, вели за „Новости“ Ифран Пеци, експерт за тероризам кој некогаш и сам припаѓал на џихадистичко движење.


Тој тврди дека „само во Нови Пазар открил 30 луѓе кои го ширеле ова видео на Исламската држава „повикувајќи на џихад“, укажувајќи дека станува збор за политички тестамент“.

Вахабизмот, струја или секта, зависно од толкувањето, се издвоил од египетската верска организација Муслимански браќа, кои се залагаат за обединување на сите муслимани во една држава. Таа за вахабистите не била доволно ригидна. Бидејќи, овие екстремисти сметаат дека Куранот не е верска книга, туку прирачник според кој мора да се одвива секојдневниот живот, што по нивно мислење, вклучува и задолжителен џихад.

Милош Жујовиќ, роден во Мала Врбица во близина на Младеновац по пристапувањето кон вахабистите го зел името Салахудин, многу симболично, бидејќи тоа име го носел војсководецот кој го урнал христијанското Ерусалимско кралство, на запад познат како Саладин, прв египетски султан.


„Радикалните муслимани во Нови Пазар, БиХ и Македонија се поврзани и домино ефектот од терористичкиот напад на Салахудин би можел да се почувствува во целиот регион. Нападот е изведен сега бидејќи Резолуцијата за Сребреница ги исцрта метите. Тоа беше напишан повик за џихад. Овој документ ќе се покаже како поопасен отколку што изгледа на прв поглед“, смета Пеци.

Државата со сите сили мора да се насочи на откривање на оние кои ги обучиле терористите за напад, велат искусни експерти.


„Терористот е многу добро и професионално обучен. На тоа укажува изборот на метата, вратот на нашиот полицаец кој за среќа многу добро реагирал и за влакно избегнал смрт. На професионалците им е јасно дека терористот го вежбал нападот на полицајци кои носат балистички панцири и единствени незаштитени точки им се главата и вратот. Тоа што погоди мета од движење, практично без нишанење и брзо ја ставил втората стрела во самострелот пред да биде неутрализиран, вели дека пронашол сериозна обука кака што даваат специјални единици ширум светот и нивни поранешни припадници кои продаваат знаење. За некој така да погоди цел потребна е неколку месечна интензивна обука. Примарна цел на нашите државни органи мора да биде откривање на врските кои ќе не доведат до центарот за обука во кој Жујовиќ сигурно не бил сам“, вели генералот во пензија Милорад Струпар.

Дека српското МВР работи на откривање на терористичките врски сведочи и барањето до колегите од Црна Гора да откријат каде се наоѓа Беса, сопруга на Жујовиќ со која живеел во Нови Пазар. Таа исчезнала од Србија непосредно пред нападот. Оваа Албанка била пронајдена кај роднини во Плав, мнозински албански дел во Црна Гора, од каде потекнува нејзиното семејство.


Полицијата во Црна Гора и го одзеде телефонот и ќе видиме дали е вистина сето она што го кажа кога телефонот ќе пристигне на вештачење. Терористичкиот чин се случил околу 11 часот, а таа рекла дека со синот била во Плав и дека околу 11 часот и 15 минути видела дека на „What's App“ добила видеопорака која и била испратена околу 10 часот и 50 минути. Таа рекла дека кога ја отворила пораката видела дека нејзиниот сопруг е во градски автобус и дека и кажува дека автобусот го носи во рајот. Изјавила дека се возбудувала поради ваквите пораки, дека му се јавила, но дека не одговарал и дека подоцна видела што се случило на телевизија. Со ова се става крај на дискусиите за тоа кои биле мотивите. Овде јасно се гледа дека се работи за терористички чин – соопштил вчера српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Беса Жујовиќ не е уапсена, но, како што наведуваат во МВР на Црна Гора, „дала изјава“ во Плав. Инаку, овој црногорски град се наоѓа во областа на тројната граница со Србија, Косово и Албанија. Во последните неколку години видлив е приливот на вахабисти од страна, кои живеат во големи новоизградени куќи со по неколку жени покриени со бурки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг