Норвешката министерка ја кренала маицата среде ток-шоу и ги открила голите гради, премиерот ја поддржа: „Таа е слободна и прекрасна личност“

Точка

04/07/2024

20:50

3.249

Големина на фонт

а а а

Норвешката министерка за култура и рамноправност, Лубна Јафери, за време на гостувањето во една телевизиска емисија ја подигнала маицата и ги открила голите гради.

Минатата недела министерката гостувала во ток-шоуто „Skeiv Preik“, емисија која е дел од „Oslo Pride“, каде ѝ била врачена наградата „Gay Mama 2024“. Наградата се доделува на дами кои се борат за правата на ЛГБТ заедницата во јавниот простор.

Потегот на министерката која мавтала со голите гради кои биле покриени само со реси, присутните го наградиле со аплауз. Подоцна таа изјавила дека ѝ е чест да ја добие оваа важна награда, пренесува „Dagbladet“.

„Важно е сите да се чувствуваме слободно. Ако сакате да ја заслужите оваа чест, треба да ја дадете својата душа. Како министерка се грижам квир лицата да се чувствуваат безбедно и слободно, ова беше мал придонес“, вели Лубна.

„Лубна е самоуверена, слободна и прекрасна личност“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе по овој потег на неговата министерка.

Организаторите на „Pride“ велат дека Лубна го добила еден од најголемите аплаузи во историјата на „Pride“ во Осло.




Спонзорирани линкови

Маркетинг