Трагедија: Тинејџер почина за време на екскурзија во Италија, се пожалил дека му е лошо, родителите за сè го обвинуваат училиштето и наставниците

Точка

04/07/2024

15:30

6.812

Големина на фонт

а а а

Ученик (16) од Бремен почина за време на екскурзија во Италија. Неговите родители се тажни и гневни поради загубата што ги снашла и сега решиле да упатат сериозни обвинувања против наставничката која ги однела учениците на патувањето.

Тие тврдат дека наставничката ја прекршила должноста бидејќи не се јавила на лекар иако момчето било во лоша здравствена состојба.

Телото на момчето кое почина на екскурзија во Тоскана е испратено на обдукција, по што ќе се знае точната причина за смртта.

Момчето, кое било со инвалидитет, имало помош од асистент кој цело време бил со него за време на екскурзијата. Иако имал силни болки во грлото, тинејџерот многу сакал да оди на матурска екскурзија во Италија со своите пријатели.


За време на екскурзијата состојбата му се влошила

Неговиот татко вели дека цело време за време на екскурзијата бил во контакт со синот.

„Кога разговараше со својата сестра преку видео повик, таа забележа дека лицето му е светло црвено. Тој се пожали на болки во грлото и силна главоболка“, рече тој.

За време на посетата на Пиза неговата состојба толку се влошила што наставничката решила да го откаже ова патување, а потоа ги известила родителите на момчето.


Родителите велат дека побарале од наставничката да го однесе момчето на лекар или во аптека, но таа не го направила тоа. Наместо тоа, момчето било испратено во бунгаловот да се одмори сам.

„Кога вечерта повторно се слушна со сестра му, едвај успеа да ги отвори очите. Тие беа целосно отечени“, вели неговиот татко.

Наставничката ги известила родителите за смртта на детето

Потоа додаде дека околу 20 часот синот му пратил фотографии и тоа било последното нешто што го добил од синот. Утрото им се јавила наставничката и ги известила дека синот им починал.

Семејството на момчето го обвинува училиштето и наставниците дека ја занемариле својата должност за надзор и сега бараат строга казна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг