[ВИДЕО] ТикТок е преплавен со видеа од Јамајка: Погледнете како луѓето го дочекаа ураганот

Точка

04/07/2024

14:05

3.672

Големина на фонт

а а а

Туристи кои се најдоа на Јамајка за време на ураганот Берил, ја снимаат ситуацијата на островите и видеата ги објавуваат на ТикТок.

Луѓето кои моментално се наоѓаат во одморалиштето „Сандали“ покажаа како вработените и менаџерите на одморалиштето се справуваат со несекојдневната ситуација и објавија снимки од состаноците на раководството на одморалиштето. „Од овој момент услугата престанува да биде наш приоритет, вашата безбедност е наш приоритет. Оние од вас кои за првпат се соочуваат со ураган - ве молиме сфатете го многу сериозно. Наскоро ќе мора да одите во вашите соби и да останете таму. Ова не е барање, туку обврска“, им рекол еден од водичите на гостите 24 часа пред надоаѓањето на ураганот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг