Украинците се повлекоа од дел на Часив Јар, објавени фотографии од опустошениот град

Макфакс

04/07/2024

22:03

1.098

Големина на фонт

а а а

Армијата на Украина денеска соопшти дека нејзините војници се повлекле од дел од Часив Јар во источниот регион Доњецк, еден ден откако Русија објави дека нејзините сили презеле контрола врз дел од стратешки важниот град.

Денеска беа објавени воздушни фотографии на кои се гледа квартот Новји, кој се наоѓа западно од каналот Сиверски Доњец-Донбас, а минува низ источниот дел на градот. Руското Министерство за одбрана вчера извести дека руските воени сили ја презеле контролата токму на тој дел.


Часив Јар се наоѓа на рид. Доколку руските сили воспостават целосна контрола над градот, тие во иднина би можеле да го користат како почетна точка за понатамошен напредок кон запад и кон украинските градови Краматорск и Славјанск.


„За нас стана непрактично да одржуваме контрола врз делови од градот откако непријателот влезе таму. Животот и здравјето на нашите војници беа загрозени, а позициите на нашите бранители беа исто така уништени“, изјави воениот портпарол Назар Волошин за украинската телевизија.


„Командата одлучи да се повлече на подобро заштитени позиции, но непријателот не престанува со активната борба ниту во таа област“, ​​рече тој.


Руските сили, кои ја започнаа инвазијата на Украина во февруари 2022 година, постепено напредуваа во регионот Доњецк во последните недели, барајќи да отворат нов фронт во близина на североисточниот град Харков.


Напредокот во регионот Харков е запрен, но украинските воени аналитичари признаваат дека 2024 година била тешка година за Украина на бојното поле, која исто така била погодена од доцнењето на американската воена помош.


Украинските воени сили во дневниот извештај објавија дека во последните 24 часа се воделе 161 воена битка, од кои повеќето се случиле во областа Доњецк. Во извештајот се наведува и дека украинските воени сили ги спречиле руските сили да ја пробијат украинската одбрана на фронтот Краматорск, кој ги опфаќа областите во близина на Часив Јар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг