[ВИДЕО] Страшни сцени доаѓаат од Грција! Дожд ги поплави улиците, пукаат грмотевици, државата е во приправност: Глетка како од хорор-филм

Точка

04/07/2024

18:33

8.701

Големина на фонт

а а а

Дожд и силно невреме ја погодија Грција, а последиците од лошото време веќе се манифестирале на северот на Атика и областите од централна Грција и Самотраки.

Веќе сега во голем број случаи дошло до поплави, додека удари на гром предизвикале пожари, по што пожарникарите имале полни раце работа. Мрежата на Националната опсерваторија на Атина во рок од два часа забележала преку 400 удари на гром.

Дожд со послаб интензитет и натаму врне, а претходно обилни дождови паѓале во Дионис, Агиос Стефанос и Спата. Обилен дожд паѓал во текот на пладнето во Елефсини.

Во попладневните часови лошото време ја зафатило и областа Пелопонез.

Комисијата за процена на ризици вчера одржала итен состанок, а се состанале и со координаторот на Цивилна заштита, со оглед на опасностите временски услови.

Во Агиос Стефанос паднала најголема количина на дожд.

За потсетување, нешто по 12 часот на мобилните телефони на жителите на Атика биле пратени пораки дека во наредните неколку часа се очекува влошување на времето.

Грција од вчера е зафатена од невреме, а главните карактеристики се дожд, бура и голема активност на громови. Се очекува интензитетот да ослабе денеска доцна навечер.

Посебно драматично било во Солун, каде надојдена вода сериозно го попречувала сообраќајот, па дури и со себе носела контејнери за ѓубре и други предмети.




Спонзорирани линкови

Маркетинг