Израел испрати луѓе да преговараат со Хамас за ослободување на заложниците

Макфакс

04/07/2024

22:05

611

Големина на фонт

а а а

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му рекол на американскиот претседател дека одлучил да испрати делегација за да ги продолжи преговорите со Хамас за ослободување на заложниците, објави неговата администрација.

Во телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, Нетанјаху ја повтори својата позиција дека Израел ќе ја прекине својата речиси деветмесечна операција во Газа кога ќе бидат постигнати сите негови цели, се вели во соопштението.

Израелската телевизија Канал 12 објави дека израелската делегација ќе ја предводи шефот на разузнавачката служба Мосад.

Не е јасно каде треба да се водат разговорите. Досега со нив посредуваа Египет и Катар, а средби беа одржани и во двете земји.

Израел денеска го доби одговорот на Хамас на предлогот што Бајден го претстави на крајот на мај, а кој вклучува ослободување на 120 израелски заложници од Газа и прекин на огнот во палестинската енклава.

Информиран палестински извор рече дека Хамас, милитантната група која ја контролира Газа, покажала флексибилност за некои елементи кои, доколку ги прифати Израел, ќе овозможат да се постигне поширок договор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг