[ВИДЕО] Пристигнува сериозен воен план вреден 20 милијарди евра! Се споменуваат моќни борбени машини: Се огласија Германците

Точка

04/07/2024

23:00

4.027

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот одбранбен џин „Леонардо“ и германскиот гигант „Рајнметал“ договориле заедничко производство на тенкови и други оклопни возила и вооружени системи, порачале во средата двете компании.

За таа цел ќе се основа нова компанија со седиште во Италија, а во која „Леонардо“ и „Рајнметал“ ќе имаат по 50 проценти удел посебно. Главната цел им е да развиваат и произведат нов тенк и други оклопни борбени возила за Вооружените сили на Италија, односно Копнената војска на Италија.

Но, уште поинтересна објава вчера имал германскиот весник „Хамделсблат“ кој пишува дека италијанската власт планира да купи стотина тенкови од Рајнметал по цена од 20 милијарди долари.

Според нив, станува збор за договор на период од 15 години во кој Италија би набавила најмалку 350 борбени оклопни возила „Линк“ и околу 200 тенкови „Пантер“. Италијанската влада не ги коментирала веднаш овие натписи, а не е ни сосема јасно дали станува збор за работа која би била дел од заедничкиот потфат на „Леонардо“ и „Рајнметал“.

Од двете компании порачале дека нивниот заеднички потфат ја отвора вратата во развојот на нови генерации борбени оклопни возила и тенкови за цела Европа. Како што понатаму стои во заедничката изјава, производните ленти на кои би се составувале тенковите и оклопните возила, тестирањето и логистичката поддршка би се одвивале во погони и полигони во Италија.

Ако оваа работа навистина се реализира, тоа ќе биде нов замав на германски „Рајнметал“ на кој поради војната во Украина во последниот период значајно му пораснал приходот од продажба на оружје. Како што велат Германците, нарачките се преполни, а само оваа година целат на приход од околу 10 милијарди долари од продажба на вооружени системи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг