[ФОТО] Интернетот ја скандализира венчаницата на ќерката на Сузан Сарандон, коментирајќи дека деколтетото е вулгарно за оваа пригода: Таа одважно им одговори

Точка

02/07/2024

23:21

7.396

Големина на фонт

а а а

Актерката Ева Амури, ќерка на Сузан Сарандон, минатиот викенд се омажи за својот долгогодишен партнер - познатиот готвач Иан Хок на интимна церемонија со 40 гости во Њујорк. Свадбата беше инспирирана од забава во француска градина, а парот истакна дека сака да создаде мала, семејна прослава каде акцентот ќе биде ставен на прославата на љубовта и храната.

„Навистина сакавме да го ставиме нашето мало семејство во центарот на сето тоа и да го направиме овој прием забавен за децата, како и за сите нас. Се обидовме да создадеме церемонија која беше многу лична и интимна, но исто така фокусирана на втора најголема љубов во нашите животи - храна Сè што навистина сакавме беше убава атмосфера и забава полна со вкусни деликатеси“, изјави Ева за магазинот „People“.

Венчаницата на убавата 39-годишна бринета беше навистина посебна и различна од повеќето модели кои имаме можност да ги видиме на модерните свадби. Ева избра фустан со потпис на американската дизајнерка на венчаници Ким Касас, а се работи за корсетиран модел кој ја истакнува нејзината прекрасна фигура и е целосно покриен со романтичен тул со реси, а украсен е и со бели детали од тантела.

Венчаницата доби глам шмек благодарение на сатенскиот појас кој се врзува околу половината и го остава предниот дел изложен, а креацијата има и секси шмек –деколте кое до израз ги донесе бујните гради на Ева. Токму овој детал им пречеше на дежурните критичари на социјалните мрежи, кои не се двоумат да остават злонамерни коментари под фотографиите. Многумина тврдеа дека креацијата е „несоодветна“ поради нејзините облини и дека ја прави Ева да изгледа „евтино“ и „вулгарно“.


Но, на повиците на критичарите новопечената г-ѓа Хок не молчеше. Таа на Инстаграм сподели зголемена фотографија од своето деколте, пишувајќи: „До сите што се шокирани поради тоа што не ги „кријам“ градите...Слободно направете скриншот за подоцна“.


Инаку, таа уште во јуни за „US Weekly“ изјави дека сака „секси“ венчаница и дека избрала таква која е совршена комбинација на сексипилност и елеганција: „Токму тоа го имав на ум. Мојата венчаница совршено одразува која сум денес како жена“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг