Знаете ли кое е момчето на оваа фотографија? Стана светски познат актер кој сите уживаме да го гледаме

Точка

01/07/2024

22:38

6.981

Големина на фонт

а а а

Можете ли да препознаете кое е момчето од оваа стара фотографија? Стана светски познат актер кој сите уживаме да го гледаме.

Станува збор за легендарниот Џим Кери. По неговата значајна работа во хумористичното шоу „In Living Color“, ја доби главната улога во филмот „Ace Ventura: Pet Detective“ (1994). Истата година ги снима филмовите „The Mask“ и „Dumb and Dumber“.


Потоа Кери глумеше во „Batman Forever“ и „The Cable Guy“ за кои доби 20 милиони долари, што беше рекордна заработка за еден комичар.

Треба да се споменат и филмовите „Liar Liar“ и „The Truman Show“, кои му донесоа Златен глобус за најдобар актер во драма, а многумина предвидуваа и номинација за Оскар, но тоа не се случи. Тој успеа да добие номинација за оваа престижна награда во 2004 година благодарение на филмот „Eternal Sunshine of the Spotless Mind“.

Иако сè уште е активен во филмската индустрија, во последните неколку години ретко се појавува во јавноста. Неговиот живот целосно се промени во 2015 година, откако неговата девојка Катриона Вајт се предозираше.


Двајцата почнаа да се забавуваат во 2012 и неколку пати раскинуваа. Таа на Твитер објави дека ќе изврши самоубиство, а потоа напиша:

„Мојата крв е на твоите раце. Џим, ми го упропасти животот. Потоа само продолжи да ме навредуваш“.

Во 2017 година, Кери беше обвинет дека го искористил своето богатство и статусот на славна личност за да купи лекови на рецепт кои придонеле за нејзиното предозирање. Но, случајот беше отфрлен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг