[ФОТО] По повеќемесечните гласини, Дуа Липа ја официјализираше врската со британскиот актер

Точка

04/07/2024

14:52

3.375

Големина на фонт

а а а

По повеќемесечните гласини и заедничките излегувања, британската пејачка Дуа Липа ја официјализираше врската со актерот Калум Тарнер.

Пејачката на Инстаграм објави низа снимки и фотографии од фестивалот Гластонбери, каде што настапи и самата. Меѓу фотографиите се најде и една со Калум.

На фотографијата, парот лежи на трева еден спроти друг и држат пијалаци додека навидум разговараат.


„Танцувањето додека не го видите изгрејсонцето во камениот круг е ритуал на Гластонбери“, напиша пејачката покрај објавата.


На овој начин Дуа ја официјализираше врската со британскиот актер, шест месеци откако парот првпат беше поврзан. Оттогаш, тие во неколку наврати беа фотографирани заедно, вклучително и после забавата на Греми наградите, забавата по БАФТА, како и на доделувањата на „Brit Awards“ и „Time100 Gala“.

Британскиот актер претходно беше во врска со актерката Ванеса Кирби. Од друга страна, Дуа Липа во декември минатата година раскина со францускиот режисер Ромен Гаврас.




Спонзорирани линкови

Маркетинг