„Што таа некогаш направила за твојата кариера?“: Мет Дејмон го предупредил Бен Афлек за Џеј Ло - „Имаше чувство дека ова сценарио ќе се повтори“

Точка

28/06/2024

21:18

7.058

Големина на фонт

а а а

По патувањата во Италија и Франција, Џенифер Лопез се врати во Лос Анџелес, а неодамна папараците ја фотографираа на пат кон канцеларијата на нејзиниот (сè уште) сопруг Бен Афлек.

И додека се шират гласините за нивниот развод, својата загриженост ја изразил и пријателот и колега на Бен, Мет Дејмон, кој не гледа позитивно на нивниот однос.

Имено, Мет Дејмон никогаш не верувал дека врската помеѓу Бен и Џенифер ќе опстане. Како што рекол, тој е загрижен дека тоа ќе предизвика Бен повторно да се препушти на пороците и го советува својот фокус да го насочи на професионалните цели.


„Кога Бен и Џеј Ло за првпат раскинаа, Мет беше постојано покрај него и сакаше да му помогне, а кога се смирија имаше чувство дека ова сценарио ќе се повтори“, изјавил извор близок до актерот, пренесува „Daily Mail“.

Бен многу го почитува мислењето на својот пријател, особено што веќе 18 години е во среќен брак со Лусијана Баросо.

Имено, Бен и Мет се пријатели уште од детството, а за време на нивното долгогодишно дружење ја основаа продуцентската куќа „Art Capital“ и двајцата добија Оскар за наградуваниот филм „Good Will Hunting“.


„Мет му кажа на Бен дека го поддржува секој негов избор, но дека може малку да „повлече рачна“ и да се фокусира на својата работа. Бен потроши толку многу време посветувајќи внимание исклучиво на проектите на Џеј Ло, исто како кога првпат беа во врска. Мет дури и го праша Бен: ‘Што таа некогаш направила за твојата кариера?’“ додал изворот, посочувајќи дека Мет е неговиот единствен вистински пријател.

Иако Дејмон не е фан на избраничката на Бен, тој сепак го поддржа нивниот заеднички проект и сними со нив реклама за Супербоул 2024.


За потсетување, Бен и Џенифер неодамна објавија дека ја продаваат својата вила. Бен моментално живее во изнајмена куќа за која плаќа 100.000 долари месечно, додека Џенифер сè уште е во потрага по дом. Додека таа минуваше време во Италија, а потоа и во Франција, Бен имаше суптилни негирања за нивниот развод, коментирајќи дека е намуртен на секоја папарацо фотографија бидејќи не сака кога камерите му се внесуваат во лице.



Спонзорирани линкови

Маркетинг