[ВИДЕО] Дупер го имаат хитот на летото

Точка

04/07/2024

19:03

1.969

Големина на фонт

а а а

Вчера на пладне дуото Дупер ја претставија нивната најнова песна „Со тебе не гледам саат (бејбе)“ која носи сосема нова енергија на македонската музичка сцена, а воопшто и во нивната експресија и стил.

Песната потсетува на музиката од раните 2000-ти, но сепак збогатена со нивниот препознатлив звук и сензибилитет со што лесно влегува во уво уште на прво слушање, а те тера да си ја потпевнуваш цел ден.

Тие очигледно сами најдобро знаат како да направат одлична песна, па автори на музиката и текстот на песната се Борис Какуринов и Илчо Нечовски, а на аранжманот на Борис Какуринов.


Кога зборуваме за нивната музика не смее да се запостават и нивните креативни видеоспотови. Ова е трета соработка со режисерот Трифун Ситниковски со кој покажаа дека се тим кој знае како да спакува едно одлично музичко парче во автентична, видео приказна.

Погледнете го видеоспотот за хитот на летото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг