[ФОТО] Голите гради на Рита Ора го украле целото внимание: Пејачката во храбро модно издание, позирала во проѕирен фустан

Точка

04/07/2024

17:11

5.355

Големина на фонт

а а а

Пејачката Рита Ора заблеска во светкав проѕирен фустан на настапот на групата „Girls Aloud“ и привлече внимание со својата храбра комбинација која во прв план ги ставила нејзините гради бидејќи не носела градник.

Со креацијата, Ора искомбинирала црни чизми, косата ја стилизирала во пуштени брановидни прамени, а изгледот го заокружила со нежна шминка.

Како придружба го повела својот сопруг Таика Ваитити кој ја тешел по емотивниот момент во кој присутните ѝ оддале почит на починатата членка на „Girls Aloud“, Сара Хардинг, која почина од рак на дојка во 2021 година. Пејачките запеаја во нејзина чест додека на екранот во позадина се менувале фотографии од неа, пренесува „Daily Mail“.

„Girls Aloud“ ја воодушевија публиката со своето обединување и се подготвени за турнејата „The Girls Aloud Show“. Освен со вокалната изведба, пејачките издоминираа и со костимите украсени со црни кристали. Инаку, групата е основана во 2002 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг