[ВИДЕО] Британската актерка им го покажала голиот задник на случајните минувачи, ваквиот потег ги збуни нејзините фанови: „Што не е во ред со неа?“

Точка

03/07/2024

21:09

5.079

Големина на фонт

а а а

Актерката Кејт Бекинсејл им го покажала голиот задник на минувачите во близина на зградата во која живее.

Бекинсејл објави кратко видео на Инстаграм и испрати порака до фановите.

„Кога земјата ќе се отвори под вашите нозе, единствениот одговор, откако ќе се исплачете сè додека не ви биде добро, е вашиот задник“, напишала британската актерка.

Во посета ѝ дошла нејзината пријателка, дизајнерката Нина Кејт, која снимила како поминуваат време заедно.


Актерката во еден момент решила на минувачите да им го покаже голиот задник, па ги спуштила панталоните и се потпрела на прозорецот.

Нејзината шега предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Додека некои останале згрозени и зачудени од ваквата постапка, други ја пофалиле нејзината храброст.

„Игрите на среќа можат да предизвикаат зависност. 18+“. Така треба, гајле ти е кој што ќе каже“, „Се подготвуваш за некоја улога?“, „Ова не е дамски“, „Лош обид за комедија“, „Што не е во ред со неа, многу ми се допаѓаше“, „Допре ново дно“, напишале некои во коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг