Мајка ѝ ја продала за 500 долари, била силувана во сопствената куќа – морничави детали од детството на славната актерка: „Со прсти ги ископав таблетите кои мајка ми се обиде да ги проголта“

Точка

27/06/2024

17:41

7.302

Големина на фонт

а а а

Иако има 61 година, поточно, за неколку месеци ќе наполни 62 години, актерката Деми Мур и понатаму мами воздишки каде и да се појави.

Таа важи за една од најубавите и најзгодни актерки, а сцените во филмовите во кои е гола се вистинско ремек-дело. Иако се знае многу за одредени детали од нејзиниот живот, факт е дека многу луѓе немаат поим колку нејзиниот живот бил тежок и полн со трауми и проблеми.

Деми Мур е родена како Деми Џин Гајнс на 11-ти ноември 1962 година во Розвел, Ново Мексико. Нејзиниот татко ја напуштил нејзината мајка кога таа била во третиот месец од бременоста, поради што Деми го зела презимето на нејзиниот очув, Дени Гајнс.


Тешко детство

Уште како дете и тинејџерка Деми се селела повеќе од 20 пати, бидејќи нејзината мајка и очув биле зависни од алкохол. Кога имала 12 години, нејзината мајка за првпат се обидела да се самоубие, а Деми за тој настан пишувала во своите мемоари „Inside out“.

„Се сеќавам дека ги користев моите прсти, малите детски прсти, за да ги ископам таблетите кои мајка ми се обиде да ги голтне“, напишала таа во своите мемоари, кои им ги посвети на своите ќерки и мајка ѝ.


Кога наполнила 16 години, решила да го напушти домот, надевајќи се дека ќе создаде подобра иднина за себе. Станала пин-ап девојка за да заработи пари и го напуштила училиштето за да може да спојува крај со крај.

Ја силувале на 15 години

Кога имала 15 години, маж, кој ѝ дал на мајка ѝ 500 долари, ја силувал во нејзиниот дом.

Откако ја силувал, Мур тврди дека мажот ѝ рекол дека нејзината мајка му ја продала. Во книгата таа пишува:

„Тоа беше силување. И поразително предавство, откриено со суровото прашање на мажот: ‘Какво е чувството да се биде жена со лесен морал од страна на мајка за 500 долари?’“.

Сепак, таа вели дека не верува целосно во неговата приказна, но дека е сепак огорчена на нејзината мајка што свесно ја довела во опасност.


Бракови и разводи

Кога имала само 18 години, Деми се омажила за Фреди Мур, со кој била во брак од 1980 до 1985 година, а по разводот го задржала неговото презиме. За време на бракот со Фреди, Деми добила шанса да игра во сапуницата „General Hospital“, која во тоа време била најгледаната серија во дневен термин. Таа ја играше младата новинарка Џеки Темплтон и улогата ѝ донесе голем успех.

Во тоа време започнала редовно да консумира кокаин, а на инсистирање на продуцентот на „St. Elmo's Fire“, Крег Баумгартен, за првпат отишла на рехабилитација.

Љубовта со Брус Вилис

Во 90-те немаше пославен пар од Деми Мур и Брус Вилис. Тие се венчаа во 1987 година и за време на бракот добија три ќерки - Румер, Скаут и Талула. Иако сите веруваа дека нивниот брак е хармоничен, парот се разведе во 2000 година.


Сепак, Деми и Брус останаа одлични пријатели по разводот.

Брак со 15 години помладиот актер

Деми Мур беше во брак со 15 години помладиот Ештон Качер од 2005 до 2013 година. Бебето што го очекуваше со Качер го загуби во шестиот месец од бременоста. Сепак, таа не се откажа од тоа повторно да стане мајка и се впушти во шест-седум циклуси на вонтелесно оплодување, кои тешко ѝ паѓале.


По разводот, Ештон отишол на планина за да се справи со емотивната драма. Тој наводно бил оддалечен од сите една недела, но актерката истакнала дека таа морала да се бори со последиците од неговото однесување во бракот.

Деми пишуваше и за нивниот брак во своите мемоари и никогаш не криеше дека нејзиниот сопруг ја изневерувал. Таа откри и дека Ештон бил манипулатор и ја наговарал на разни „пикантерии“ во креветот.


„Беше толку понижувачки и одвратно, што сè уште сум истрауматизирана од нашата однос“, вели актерката.

По Ештон, Деми беше во врска со познатиот готвач Даниел Хам, но нивната врска не траеше.



Спонзорирани линкови

Маркетинг