Хрватот Мате Римац се разведе од сопругата по 3 години брак, позната и причината: „Таа е од скромно семејство и не е навикната на тоа...“

Точка

27/06/2024

14:42

19.242

Големина на фонт

а а а

Многумина останаа изненадени од веста дека хрватскиот претприемач Мате Римац се развел од сопругата Катарина Ловриќ по само 3 години брак.

Започнаа различни шпекулации за тоа што довело до крај на бракот на овој пар кој се познава уште од тинејџерските денови. Добро упатен извор сега тврди дека причината за разводот не е трето лице.


„Меѓу Катарина и Мате Римац немаше кавга. Мирно се разделија пред неколку месеци. Таа се исели од заедничкиот дом и купи стан на Трешњевка“, вели извор за Слободна Далмација.

За да има мир Катарина привремено отпатувала од Хрватска.


„Причината за разводот не е трето лице. Тоа е едноставно несогласување во карактерите и различни погледи на животот. Катарина потекнува од скромно работно семејство и не е навикната на животниот ритам на Мате, во кој семејството одлучува за сè“, додал изворот.

Потсетуваме, Мате и Катарина се запознале пред 17 години во Ливно, од каде што и двајцата потекнуваат. Нив ги запознал роднина на Мате. Љубовта „пламнала“ 10 години подоцна, а се венчаа во 2021 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг