Поранешната сопруга на Чарли Шин се поврзува со смртта на Метју Пери, била повеќепати испитувана

Точка

29/06/2024

13:30

2.961

Големина на фонт

а а а

Поранешната сопруга на Чарли Шин, актерката Брук Милер, повеќепати била во полициска станица поради поврзаност со смртта на Метју Пери.

Како што пишува „In Touch“, откако полицијата на Лос Анџелес (LAPD) заедно со Администрацијата за сузбивање на дрога (DEA) покрена истрага за смртта на актерот Метју Пери, полицајците го посетиле и домот на 46-годишната актерка.


Познато е дека Милер не била дома кога пристигнала полицијата со налогот за претрес, а извор навел дека таа во тој момент вежбала во природа и дека соработувала со полицајците кога се вратила дома. Иако не ѝ ставиле лисици ниту ја уапсиле, на актерката ѝ биле одземени мобилниот телефон и лаптопот, а познато е и дека веднаш ангажирала адвокати.

„Тешко е да се каже или точно да се знае која е нејзината улога во смртта на Метју, но таа тврди дека нема никаква врска со тоа“, рекол изворот.

Изворот, исто така, претходно потврди дека Милер се запознала со Пери на рехабилитација, но не е познато во кој период се случило тоа. Инаку, Милер е позната по тоа што од 2008 до 2011 година беше во брак со Чарли Шин, со кој ги има близнаците Боб и Макс.


Таа, исто така, беше на рехабилитација поради нејзината борба со злоупотреба на супстанции и проблеми со менталното здравје, поради што нивните деца повеќепати беа ставени на привремена грижа кај нејзините родители.



Спонзорирани линкови

Маркетинг