Фановите на серијата која ја прогласија за најдобра во 2023 година разочарани од новата сезона

Точка

29/06/2024

14:31

2.137

Големина на фонт

а а а

Не е невообичаено популарните серии низ годините и сезоните да губат на квалитет, а се чини дека тоа е случај и со серијата „The Bear“ која беше прогласена за најдобра во 2023 година.

Епизодите од третата сезона на серијата се објавени, а рецензиите на критичарите како и фановите кои ги споделуваат впечатоците на социјалните мрежи не се одлични. Третата сезона едноставно не ги воодушевила, а некои дури велат и дека е „упропастена“.

Серијата предводена од Џереми Ален Вајт стана позната по својата прва сезона, освојувајќи 10 Еми награди, вклучувајќи награди за тројца членови на главната актерска екипа.

„The Bear“ одлично започна и меѓу критичарите, но со излегувањето на третата сезона реакциите не се баш најдобри. „Variety“ наведе дека „се враќа чекор назад во бесцелната трета сезона која премногу се потпира на моќта на ѕвездите“.

Ребека Николсон од „The Guardian“ вели во нејзината рецензија: „Во „The Bear“ сите или викаат еден на друг да замолчат или инсистираат на тоа колку се сакаат“.

Додека повеќето фанови сè уште ги немаат погледнато сите 10 епизоди, првите реакции кои ги споделуваат на мрежите не се баш сјајни, а некои дури пишуваат дека третата сезона е уништена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг