Кралот Чарлс во посета на Меган и Хари: Сака да им докаже на своите внуци дека можат да се потпрат на својот дедо

Точка

27/06/2024

22:33

9.033

Големина на фонт

а а а

Кралот Чарлс III редовно поминува време со децата на неговиот син, принцот Вилијам.

Принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот уживаат во друштвото на нивниот дедо, особено откако ја слушнаа веста дека тој има рак.


Меѓутоа, она што го вознемирува Чарлс е тоа што не ги гледа децата на својот помлад син Хари (39). Додека Хари и Меган живееја во Велика Британија, кралот имаше можност да помине извесно време со својот внук Арчи, но откако ги напуштија кралските должности на почетокот на 2020 година и отпатуваа во Америка, Чарлс не ги видел своите внуци.


Имено, кралот е скршен поради тоа и затоа сака да воспостави поблиски односи со Арчи (5) и Лилибет (3), која наводно ја видел само еднаш од нејзиното раѓање. Затоа, кралот решил наскоро да отпатува во Калифорнија.

Чарлс сака да им докаже на своите внуци, кои не живеат во негова близина, дека можат да се потпрат на својот дедо. Тој наводно бил поттикнат да отпатува во Америка поради третиот роденден на принцезата Лилибет. На својот внук му испратил подарок од Лондон, но тоа не го смета за доволно.


„Чарлс разговараше за официјална посета на САД во одреден момент во иднина. Без сомнение, ако дојде до тоа, Чарлс ќе најде време и да ги посети помладиот син и внуците. Пред тоа, има уште планина од планирања за сето она што треба да се надмине. Тој очајно сака да ги види и ја мрази помислата дека Арчи и Лили нема да го паметат како топлиот, пријателски расположен дедо каков што сака да биде“, открил извор за NY Post.




Спонзорирани линкови

Маркетинг