[ВИДЕО] Џесика Алба му се врати на актерството, нејзиниот нов филм доби очајни оценки: „Ова е тешко за гледање“

Точка

28/06/2024

20:53

2.105

Големина на фонт

а а а

Неодамна на „Netflix“ излезе нов филм со Џесика Алба, кој судејќи според рејтингот баш и не ја воодушеви ниту публиката, ниту критичарите.

„Trigger Warning“ ја следи Паркер (Алба), млад командант на специјалните сили која го презема барот на нејзиниот татко откако тој ненадејно умира. Поради оваа ситуација, таа е принудена да се врати во родниот град, каде набрзо се наоѓа во конфликт со насилна банда која дивее низ градот. Паркер открива заговор кој ја доведува во опасност.

Иако многу гледачи со нетрпение го чекаа враќањето на Џесика, која повеќепати беше прогласувана за една од најубавите жени на светот, нејзината изведба не ги воодушеви премногу.

„Сценариото е многу лошо, но Алба дефинитивно не се снајде“, „Филмот е здодевен и премногу се одолговлекува“, „Ова е тешко за гледање“, се дел од коментарите на публиката.


Сепак, „Trigger Warning“ доби повеќе од 25 милиони прегледи ширум светот за само неколку дена и покрај лошите оценки.

Филмот кој пристигна на популарната стриминг платформа минатиот петок има само 19% на „Rotten Tomatoes“, оценка од 4,6 на „IMDb“ и само 2,0 на „Letterboxd“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг