[ФОТО] Морничаво откритие: Пронајдени човечки остатоци во најстарото вино на светот, неодамна откриено во Шпанија

Точка

25/06/2024

21:15

12.406

Големина на фонт

а а а

Последната желба на човек кој починал пред 2.000 години во јужна Шпанија била неговата пепел да биде потопена во бело вино, веројатно како дел од некој вид ритуал за да му помогне при неговото патување низ задгробниот живот.

Неверојатно, урната со неговите останки натопени со алкохол успеала да го спречи распаѓањето на древниот напиток, што од неодамна е најстарото течно вино некогаш откриено, пишува „ИФЛ саенс“ (IFL Science).

Урната првично била пронајдена во 2019 година кога се работело на ископување во градот Кармона каде бил откриен подземен римски мавзолеј за кој се верува дека бил изграден за богато локално семејство. Внатре во комората, археолозите откриле шест урни полни со пепел, од кои секоја припаѓала на различна личност.

„Една од тие урни, која содржела кремирани останки на машко лице, исто така била наполнета до врвот со црвеникава течност“, објаснуваат авторите на новата студија.

Врз основа на одличната состојба на зачувување во подземната гробница и фактот дека сите други урни останале суви, истражувачите веднаш ја отфрлиле можноста за истекување како објаснување за оваа чудна течност.


Во потрага по појаснување, авторите на студијата го анализирале хемискиот состав и го споредиле со модерните вина од најблиските лозја.

„Минералниот профил на црвеникавата течност е споредлив со оној на сегашните шери вина од Херез, Кондадо де Хуелва и фините вина од Монтило-Морилес – ознаки на потекло недалеку од Кармона“, пишуваат тие.

За веродостојно да ја идентификуваат античката материја, истражувачите ја испитувале за клучни биомаркери познати како полифеноли. Притоа, тие откриле дека двата најконцентрирани флавоноиди присутни во течноста се кверцетинот и апигенинот, што одлично оди со модерните винa. Севкупно, авторите идентификувале седум полифеноли, додека отсуството на киселина укажало дека виното е всушност бело – и покрај црвеникавата нијанса што ја добивало со текот на годините.

„Резултатите добиени во оваа работа силно сугерираат дека црвеникавата течност во урната со пепел првично била вино кое се распаѓало со текот на времето и дека било старо околу 2.000 години, а со тоа и најстарото вино пронајдено до денес“, заклучуваат тие.

И додека моментално малку се знае за идентитетот на оние што се сместени во мавзолејот, гравурите на две од шесте урни покажуваат дека одамна мртвата група вклучува пар по име Хиспанае и Сенисио.

Во меѓувреме, што се однесува до целта на древниот пијалак, истражувачите објаснуваат дека „урната мора да била наполнета со вино во еден вид жртвен ритуал на погребна церемонија или како дел од погребен ритуал за да му се помогне на покојникот во транзицијата кон подобар свет“.

Студијата е објавена во „Џурнал оф археолоџикал саенс“ (Journal of Archaeological Science: Reports).




Спонзорирани линкови

Маркетинг