„OpenAI“ врти нова страница и реорганизира сè! Клучните луѓе си заминуваат, но Сем Алтман е на победничката страна, еве зошто

Точка

27/09/2024

13:31

735

Големина на фонт

а а а

„OpenAI“ се соочи со еден од најголемите предизвици од 2015 година, кога беше основана како непрофитна истражувачка организација. „Reuters“ објави дека „OpenAI“ работи на реструктурирање, со крајна цел да стане профитна корпорација која повеќе нема да биде контролирана од нејзиниот непрофитен одбор.

Упатените кои разговарале со „Reuters“ веруваат дека поради ова „ChatGPT“ ќе стане поатрактивен за инвеститорите, а се проценува дека по реструктурирањето неговата вредност ќе биде 150 милијарди долари. За прв пат, неговиот креатор и извршен директор Сем Алтман, исто така, ќе го добие својот удел во „OpenAI“.

Дури во 2019 година „OpenAI“ го додаде профитниот ентитет „OpenAI LP“ на компанијата како филијала на нејзината непрофитна организација. Така, тие обезбедија капитал од компанијата „Microsoft“ за финансирање на истражувања.


По оваа реорганизација, која може да означи опасен преседан во менаџментот на компанијата, уште повеќе ќе се зголеми стравот од недостиг на контрола врз вештачката интелигенција, кој и до сега постоеше во јавноста.

Иако од „OpenAI“ пристигнуваат гласови дека непрофитниот одбор ќе постои и по реструктурирањето, но дека ќе има малцински удел во компанијата, тешко дека тоа ќе ги отфрли сомнежите и стравовите – сосема спротивното. Несомнено е дека новата структура на компанијата ќе влијае на тоа како таа ќе управува со ризиците поврзани со вештачката интелигенција.


„Остануваме фокусирани на градење на вештачка интелигенција која им користи на сите и работиме со нашиот одбор за најдобро да се позиционираме за да успееме во нашата мисија. Непрофитната организација е сржта на нашата мисија“, рече портпаролот на „OpenAI“.

Конкретниот план за реструктурирање сè уште се преговара со адвокатите и акционерите, а не се знае кога би можел да заврши процесот.


Мира Мурати ненадејно ја напушти компанијата

Оваа вест доаѓа по низата промени во менаџментот на стартапот. Долгогодишниот директор на „OpenAI“, Мира Мурати, ненадејно го објави своето заминување од компанијата во средата, по шест и пол години. Не се знае дали нејзиното заминување има врска со најавеното преструктурирање. Подоцна во текот на денот, беше објавено дека шефот на истражувањето Боб Мекгру и Барет Зоф, потпретседател за истражување, исто така заминуваат. Покрај тоа, ко-основачот Џон Шулман минатиот месец изјави дека заминува за да му се приклучи на конкурентот „Anthropic“.


Има многу луѓе кои сакаат да инвестираат во бизнисот на компанијата која, со лансирањето на „ChatGPT“ во 2022 година, стана најпознатиот стартап кој развива вештачка интелигенција. Претходно овој месец беше објавено дека компанијата бара финансирање од 6,5 милијарди долари. „CNBC“ неофицијално дознава дека „Thrive Capital“ планира да инвестира 1 милијарда долари во „OpenAI“, „Tiger Global“ ќе се приклучи на финансирањето, а „Nvidia“ и „Apple“ наводно исто така се во преговори за инвестирање. Се очекува и овојпат во финансирањето да учествува „Microsoft“, кој од 2019 година инвестираше 13 милијарди долари во „OpenAI“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг