[ФОТО] Двајца рибари ја уловиле најморничавата морска риба, ја нарекуваат „риба на судниот ден“: За ова огромно животно велат дека предвидува катастрофа

Точка

25/09/2024

23:06

19.793

Големина на фонт

а а а

Двајца рибари во Австралија уловиле „oarfish“, односно риба весло или „риба на судниот ден“ како што многумина ја нарекуваат. Оваа џиновска риба е навистина ретка глетка, а ја опишуваат и како најморничавата риба која талка по морињата.

Рибата ја уловиле минатата недела кога Куртис Питерсон, од компанијата „Tiwi Islands Adventures“ водел чартер група во риболов кај островот Мелвил, а фотографијата беше објавена на профилите на компанијата и на страницата „Fishing Australia TV“.

„Прв пат слушам дека некој уловил таква риба. Најчесто ги пронаоѓаат кога веќе пловат мртви“, изјавил колумнистот за риболов Алекс Џулиус за тамошните медиуми.

Тој додал дека оваа риба не е некој деликатес. „Има желатинест вкус, не е баш вкусна за јадење“, додаде тој.


За каква риба станува збор?

Ова е вид риба од семејството коскени риби за која долго се веруваше дека изумрела пред околу 66 милиони години, заедно со диносаурусите. Сепак, во 1938 година е откриен жив примерок покрај брегот во Јужна Африка што предизвика големо изненадување во научната заедница. Оваа риба претставува таканаречен „жив фосил“ бидејќи нејзиниот вид не е значително променет во текот на милионите години.

За неа се врзува една стара јапонска легенда дека „навестува земјотрес“, поради што го добила името „риба на судниот ден“.

Имено, според јапонската митологија, овие риби се издигнуваат на површината и се „насукуваат пред земјотрес“, а веста за тоа дека рибата е забележана во плитки води ги загрижи мештаните. Стравувањата дополнително ги зголеми фактот што рибите почнаа да се издигнуваат на брегот две години пред катастрофалниот земјотрес и цунами во Фукушима, кои се случија во 2011 година.

Иако научниците ја отфрлија оваа идеја и добро е познато дека земјотресите не можат да се предвидат, митот сè уште опстојува.

Сличен вид живее во Јадранот

Средбата со овој вид риба е исклучително ретка појава, а она што е интересно е што сличен вид може да се најде и во Јадранското Море. Во Јадранот живее еден вид од овој род, кој се нарекува „Trachipterus trachipterus“, вели Перо Угарковиќ од Институтот за океанографија во Сплит.