За време на ископувањата во 2003 година, на гробиштата Сјаохе во Ксинџијанг, Кина, бил отворен ковчег стар 3.600 години, а околу вратот на мумијата на една млада жена бил пронајден предмет што изгледал како накит, а се покажало дека е сирење.
Иако на почетокот изгледало дека станува збор за накит, научниците го анализирале и откриле дека тоа е најстарото парче сирење во светот.
Палеогенетичарката од Кинеската академија на науките во Пекинг, Киаомеи Фу, за "NBC News" изјави:
„Обичното сирење е меко, што не е случај со ова. Сега е навистина сува, густа и тврда прашина“, рече Фу, објаснувајќи дека кога ковчегот на жената бил ексхумиран, било утврдено дека е добро сочуван поради сувата клима на пустината Тарим.
3,600-year-old cheese discovered in China - the oldest in the world!
— Rich Tehrani (@rtehrani) September 25, 2024
Yet, in all that time, China never became known as a major cheese producer.https://t.co/aT7k4MTjsz
Иако производството на сирење одамна е опишано во историјата, истражувачите во студијата објавена во списанието "Cell" напишале дека „историјата на ферментирани млечни производи е во голема мера изгубена во античкото време“.
Зборувајќи за "NBC News", Фу рече дека таа и нејзиниот тим земале примероци од три гробници на гробиштата Сјаохе и ја обработувале ДНК за да ја следат еволуцијата на бактеријата со текот на времето.
„Примероците подоцна беа идентификувани како кефир сирење, направено со ферментирање на млеко со користење на зрна кефир, а исто така имаше докази дека се користело козјо и кравјо млеко“, рекла Фу, па додала:
„Овие примероци од сирење стари 3.500 години се меѓу ретките остатоци од млечни производи кои се зачувани повеќе од 3.000 години, а се произведени од популацијата Сјаохе од бронзеното време. Тоа е популација со мешани животни стилови и техники“, објасни Фу.
Истражувањето покажало дека популациите од бронзеното време, како и луѓето од Сјаохе, за кои се знаело дека се генетски нетолерантни на лактоза, консумирале млечни производи пред ерата на пастеризација и ладење.
Кога еден новинар ја прашал дали сирењето се јаде и дали ќе го проба, Фу одлучно рекла: „Нема шанси“.