Корејските инженери направија количка за пазарење во супермаркет којашто лебди. „Летечката“ количка, наречена „Palletrone“ има мулти – ротирачки дрон којшто практично ѝ овозможува да лета.
Количката може да се движи горе – долу и напред – назад. Тоа го олеснува и движењето по скалите, а потрошувачите повеќе нема да имаат проблем со оштетени тркалца на количките. Дронот е сместен во заштитната конструкција, така што купувачите можат да ги ставаат своите производи врз таа платформа.
Потрошувачите оваа количка ќе ја движат со примена на сила и притисок врз шипката, исто како и кај класичните шопинг – колички. Хардверот и софтверот се тука за да ја одржуваат количката на одредена висина, а купувачите ќе ја буткаат количката во висина на нивните гради, наместо по подот како што е случајот со класичните колички со тркалца.
Потрошувачот е заштитен од брзо ротирачкиот ротор, со помош на рамка којашто овозможува доволен проток на воздух за летање на дронот, со минимален загуба на перформансите, пренесува „Ferrari Press Agency“.
Моментално капацитетот на тежината којашто „летечката“ количка може да ја поднесе е релативно ниска (околу три килограми). Меѓутоа тимот од универзитетот во Сеул, во Јужна Кореја, работи на зголемувањето на носивоста на количката.
Вториот „недостаток“ на овој прототип е бучавата којашто ја создаваат роторите на дронот. Во моменталната верзија, истражувачите го употребиле основниот алгоритам за контрола на летот од претходните истражувања на некои членови на тимот.
Системот користи актуаторски компоненти за постојано нагодување на превткувањата и превртувањата, одржувајќи ја платформата рамна во текот на работата, земајќи ја предвид силата којашто ја применува корисникот на количката.